Radio Kanal 77 Ex Yu

Report

Report


Reviews

0 %

User Score

0 ratings
Rate This

Descriptions:

Radio Kanal 77 Ex Yu vo živo

Радио Канал 77 започнува со својата работа на 4 октомври 1991 година, симболично кога на истиот датум 1957 беше лансиран првиот вештачки сателит Спутник. По неколку месечно емитување на експериментална програма, во Штип, Канал77 официјално почна со емитување на сопствена програма. Сè до 1995 година, Канал 77 работи како локално радио, кога во периодот од 1995—1997 година се гради мрежа за покривање на источниот дел од Македонија, со цел подоцна радиото да има национално покритие. Во 1997 година со усвојувањето на Законот за радиодифузија, Канал 77 станува првиот национален концесионер. Паралелно со развојот на Канал 77 се зголемуваа потребите од адекватен простор и негово проширување. Денес радиото работи од Мултимедијалниот центар Канал 77 во Штип и студио во Скопје. Двете студија се меѓусебно поврзани со VPN врска, виртуелна интернет мрежа и Centrex телефонија, што овозможува да се емитува програмата од двете студија на национално и регионално ниво, поединечно или заедно. Канал 77 важи за независна бродкастинг мрежа која покрива 100% од територијата на Македонија и 100% од популацијата со распространување на сигналот преку 21 трансмитери и 9 врски.

Програма Радио Канал 77 има програма од информативен карактер. Во 25 годишното постоење на Канал 77, таа програма постојано се подобрува и развива, така што денес има 155 минути дневно вести распоредени во текот на целиот ден, започнувајќи од 7 часот наутро до 24 часот навечер.

Во информативната програма се застапени различни теми, од политика и економија до култура и спорт, како и реемитување на вести од Радио Слободна Европа (Radio Free Europe).[се бара извор] Начелата на Канал 77 се брзо и навремено информирање на слушателите, разнообразност во програмата, како и објективност и непристрасност кон изборот на настаните на денот. Програмската шема на радио Канал 77 вклучува продукција и емитување на програма од економската, политичката, социјалната, музичката и спортската област, програма од некомерцијален карактер, контактни и забавни емисии. Оттука, Радио Канал 77 е единствено радио во Македонија специјализирано за вести и информативна програма. Една од најслушаните емисии со политичко-контактен карактер е емисијата Стадион, во која слушателите отворено ги презентираат своите ставови за одредени прашања.

Radio Kanal 77 Ex Yu vo živo

Leave your comment

Vaša adresa e-pošte neće biti objavljena. Neophodna polja su označena *